Општина Гази Баба посветено вложува во енергетската ефикасност

43

Општина Гази Баба посветено вложува во енергетската ефикасност.

– Овие три години успеавме заедно со Владата да ја изградиме новата училишна зграда на ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром, која е целосно енергетски ефикасна. Ги заменивме прозорите во детските градинки Калинка и Темјанушка, како и во училиштата, Наум Наумовски Борче и Стив Наумов – информира градоначалникот Борис Георгиевски.

Со средства на општината училиштата Дане Крапчев и Крум Тошев добија енергетска фасада, а следува и замена на фасадата во ООУ Стив Наумов.

Поставуваме сончеви панели на градинката Калинка во Железара, а наша цел е поставување на сончеви панели во сите основни училишта и детски градинки во општината – вели Георгиевски.