Општина Велес доби проект за водоснабдувачки систем за Раштани и Бузалково

57

Министерството за транспорт и врски ја известило Општина Велес дека Европската инвестициска банка во Луксембург го одoбрила проектот „Изградба на водоснабдувачки систем на населените места Раштани и Бузалково од водоводниот систем на Велес“.

Како што информира на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски проектираната цена му е 43,695 милиони денари или 710.492 евра.

Јавната набавка очекуваме следната недела да ја распише Министерството за транспорт и врски. Јавната набавка за избор на најповолен изведувач трае 24 дена.

После тоа треба да се распише јавна набавка во траење од 12 дена за најповолен надзорен орган при изведување на работите. По тоа ќе се склучи договор и изведувачот ќе може да биде воведен во работата, а средствата се обезбедени од ЕИБ, појасни Коцевски.

Извор:МИА