Општина Валандово лани потрошила 35 милиони денари на јавни набавки

63

Изминатава 2018 година, Општина Валандово склучила 35 договори за јавни набавки со 28 компании од земјата, чија вкупна вредност достигна над 35 милиони денари, потврдија од Службата за односи со јавноста.

Најголем дел од општинските пари наменети за оваа цел добила компанијата „Жикол“ од Струмица, на која за две јавни набавки и биле исплатени над 9 милиони денари или 26,1 отсто од целата сума.

Покрај „Жикол“ само уште четири компании се јавуваат повеќе од еднаш како носители и корисници на средства за јавни набавки во Општина Валандово.

Споредено со 2017 година, кога Општина Валандово за јавни набавки потрошила 17,2 милиони денари, лани сумата за истата намена е зголемена дури за 103,6 отсто.