Општина Бутел ќе субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети

57

Општина Бутел, со цел да ги стимулира жителите на нејзината територија за користење на велосипеди или електрични тротинети, објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени за купување на велосипед или електричен тротинет, започнувајќи од 01.01.2020 година па се до исцрпување на буџетот наменет за  таа цел, но не подоцна од 20.12.2020 година.

Како што информираат од Општина Бутел средствата што ќе ги субвенционира се во износ до 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Средствата кои општина Бутел ќе ги субвенционира за купен електричен тротинет се 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.