Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок до крајот на месецов, оти ќе следува присилна наплата

72

Општина Брвеница ги известува фирмите и граѓаните дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства поради неплатени обврски, кои не се подмирени по основ на данок на имот.

– Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година и постари, да ги подмират во најкраток можен рок, најдоцна до 31.01.2023 година – соопштија од Општина Брвеница.

Оттаму информираа дека сите должници ќе ги објави во огласна табла на општината.