Општина Берово ќе субвенционира стерилизација на кучки

147

Општина Берово од сопствени средства ќе субвенционира стерилизација на 30 регистрирани кучиња женки.

– Целта е да се намали неконтролираното зголемување на оваа популација и да се намали бројот на улични кучиња, за што општината годинава целосно ќе ги покрие трошоците за стерилизација на 30 кучиња женки – информираа од општината.

Оттаму апелираат сопствениците да ги стерилизираат своите домашни миленици, за да се избегнат несакани последици. За реализација на активноста, наскоро ќе биде објавен јавен повик кој ќе се реализира по принципот „Прв дојден, прв услужен.