Општина Берово се вклучува во реализацијата на кампањата „ Мојот данок, за мојата општина”

49
Општина Берово се вклучува во реализацијата на кампањата „ Мојот данок, за мојата општина”. Како партнерска општина од проектот на УСАИД, надлежните очекуваат зајакнување на своите капацитети при искористување на ресурсите, како и зголемување на бројката на редовни плаќачи на данок што е должност на секој граѓанин.

 

-И самото мото е во таа насока „До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот”. Општина Берово се приклучи кон оваа кампања со цел подобро да ја информира јавноста, дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник. Во исто време сакаме да потенцираме дека од огромна важност е придонесот на поединецот за градење на подобра иднина на градот, истакнаа од Општината.
За надлежните од особено значење е секој граѓанин-даночен обврзник преку оваа кампања да се информира дека навременото подмирување данок на имот, значи и директно полнење на општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти.
-Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој. Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на поврзани со данокот на имот, додадоа од Општината.
Оттаму појаснија дека секој граѓанин кој поседува општински имот, автоматски станува даночен обврзник со законско право на даночно решение за неговиот имот, стекнувајки се со законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.