Општина Аеродром: Не фрлајте отров по јавните површини!

173

Општина Аеродром апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

Локалната самоуправа добила информации дека на јавните површини во општината има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето.

– Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон, информираа од Општина Аеродром.

Повикуваат, доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362, нагласувајќи дека исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.