Општина Аеродром ангажира петмина помагатели на стари лица

30

Општина Аеродром ангажираше петмина помагатели преку Програмата за општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги на лица во трета доба“ во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

– Овие лица ќе бидат ангажирани со скратено работно време од 20 часа неделно за период од 9 месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест – велат од општина Аеродром.

Целта на проектот е помагателите преку помагање и грижа за стари лица, како и преку задолжителната обука да се стекнат со вештини од социјалната и здравствената сфера, согласно со услугата и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд.