Општината Ѓорче Петров формира бизнис клуб

146

Врз основа на одлука донесена од Советот, Општината Ѓорче Петров формираше економски социјален совет-бизнис клуб. На денешниот прв состанок се усвои деловникот за работа на бизнис клубот и се донесоа заклучоци во насока на оперативно функционирање на клубот.

Првите чекори ќе бидат изработка на програма за работа и формирање на работни тела по одделни секори на бизнис заедницата.

Генерален впечаток на присутните беше дека ова е позитивен чекор во градење партнерство меѓу општината и бизнис заедницата.

Се разменија и искуства за идна соработка, а од страна на Општината се презентираа и конкретни развојни проекти. Досега пристапија над 30-тина компании од Ѓорче Петров, но останува отворена можноста и други фирми да станат дел од бизнис клубот, преку потполнување пристапница за членство.