Општината со поддршка за подобрување на условите за работа

40

Раководството на културно-уметничкото друштво „Китка” на денешната средба во кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски му ја презентираше својата планирана програма.

Како што информираат од Општината, тие со него дискутирале и за потребите на друштвото, но и за тоа што локалната самоуправа може да понуди, со цел да се подобрат условите за работа, но и за тоа „Китка” да продолжи да биде активен чинител во креирањето на културно-уметничкиот живот во овој дел на Скопје.

-Како културно-уметничко друштво кое е создадено и функционира во Драчево, во општина Кисела Вода, кое оставило таков белег во светски рамки, „Китка” секогаш може да смета на поддршката од оваа локална самоуправа. А негова задача ќе биде и понатаму да нè претставува во најдобро светло ширум светот -потенцираше  Ѓорѓиевски и додаде дека преку поддршката на фолклорните друштва, преку овозможувањето на подобри услови за нивното опстојување и функционирање, локалната самоуправа дава свој удел во афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција.

Овој ансамбл, кој опстојува со децении, е едно од заштитните обележја на општина Кисела Вода.