Концертот на Андре Риу во Скопје беше вистински спектакл, на нивото какви што биле неговите концерти и во најголемите светски градови. Настанот започна точно во 20 часот и заедно со Риу настапија познати оперски пејачи од повеќе земји.

– Заедничкото пеење го усреќува луѓето, пуштајте ги децата да одат да пеат во хор, а сега станувајте и пејте се мене, рече Риу пред видно воодушевената, но и изненадена публика од „нападот“ со вештачки снег.