ОПРЕМЕТЕ СЕ ДЕНЕСКА СО „ДЕБЕЛИ“ НЕРВИ: Скопје под блокада!

58

Денеска поради најавеното одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул „Илинден“, од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул.8-ми Септември и околните улици, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Координативното тело на приватните превозници одлучи денеска од 6 часот да го блокира сообраќајот на булеварот „Илинденска“ во правец од семафорите после Владата до салонот „МИ-ДА“, соопшти вчера на прес-конференција директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

-Ја имаме предвид молбата од директорот на фестивалот ‘Златно славејче’, не можете да останете рамнодушни на вакви барања. Ги имаме предвид и сугестиите од граѓани да се прават протести пред Градското собрание, да нè трпат сите граѓани. Пред Градското собрание утре ќе бидат паркирани околу 200 автобуси, за да види градоначалничката Данела Арсовска дека не е таква бројката како што таа кажува. Некој сака да ја дефокусира јавноста и да кажува дека нема проблеми, дека го покриваат градскиот проблем, но сите гледате што се случува, рече Јовановски на прес-конференција.

Тој додаде дека ако нема реакција и резултат после денешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, крстосницата кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинденска“.

-Ситуацијата може да ескалира и нервозата да отиде понатаму за после тоа да жалиме, објасни директорот на „Слобода превоз“.

Приватните превозници повеќе од една недела не се дел од јавниот автобуски превоз во Скопје и бараат исплата на заостанатите долгови од Град Скопје.