Опремен кабинет по програмирање во средното училиште ,,Илинден” 

52

Oпремен е нов кабинет за потребите на учениците во средното општинско училиште „Илинден“, по предметот програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.

Како што информираат од Општина Илинден, набавени се 44 мини десктоп компјутери i5, со исто толку монитори, како и 11 десктоп компјутери.  Сите компјутери се со лиценциран Windows 11 Professional. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети средното училиште и истакна дека локалната самоуправа континуирано  работи на обезбедување квалитетни услови во образованието и успешно реализирање на  образовниот процес, затоа што една од најзначајните области за развој на Општина Илинден е инвестирањето во образованието.

-Мораме да им овозможиме на учениците да ги покажат своите способности, преку опремување на кабинетите со современа компјутерска опрема, а на наставниците преку соодветно опремените кабинети одлични услови за работа, изјави градоначалникот Георгиевски. 

Користењето на новата информатичка опрема ќе овозможи поуспешно реализирање на образовниот процес преку примена на нова и напредна информатичка техника и технологија,  а учениците ќе можат да ги продлабочат и прошират своите знаења, вештини и умеења во квалификациите електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации.