Определен 30-дневен притвор за обвинителката Катица Јанева

143

Судија на претходна постапка ѝ определи 30-дневен притвор на обвинителката Катица Јанева во врска со истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.