Опозициската потпретседателка на боливискиот Сенат, Жанин Анес, изјави дека е подготвена да ја преземе функцијата на привремен шеф на државата, по оставката на Ево Моралес и останатите високи функционери, вклучувајќи ги и пврите луѓе на Горниот дом на парламентот.

По оставката на Моралес и другите највисоки функционери, таа е прва во редот до шефот на државата, потсетуваат американските медиуми.

Пред парламентот во Ла Паз, што е опколен со бројни припадници на обезбдувањето, Анес кажа дека новите претседателски избори ќе бидат оддржани во многу скоро време.

Моралес, неговиот потпретседател и неколкумина високи државни функционери во неделата поднесоа оставки, со што беше створен вакум во функционирањето на државата.