Опожарени контејнери во Аеродром

170

Во текот на изминатите три дена, непознати сторители опожариле пет контејнери за отпад во скопската општина Аеродром. Опожарените контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Од ЈП „Комунална хигиена“ се жалат дека покрај финансиската штета, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми и при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад.

Од „Комунална хигиена“ апелираат да престане вандализмот и уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

– Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите – велат од „Комунална хигиена“.