Автомобилот „Мини купер“ на пејачката и водителка Сузана Турунџиева било опожарено вчера околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото во сопственост на пејачката Ребека Јанковска Ристески. Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

„На 16.01.2020 околу 03 часот во СВР Скопје пред трговски центар на булевар „8-ми Септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје, велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Од полицијата велат дека е извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Дополнително ќе се утврди кои се причините за пожарот.

Турунџиева за весникот Вечер изјави дека се се случило рано изутрина околу 3 часот на паркингот пред зградата во која живее. – Претходно не се слушна никаква експлозија. Од сон не разбуди  голем оган и кога погледнав  низ прозорец видов дека гори мојот автомобил , вели Турунџиева. Се беше како еден хорор филм. Незнам кој би можел ова да го направи, вели Сузана и додава дека на паркингот имало многу возила и дека нејзиното било паркирано сосема на крај.

Таа рече дека покрај нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска – Ристески.

Се уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат, од кого, и кои се мотивите.