“Опа ихаа”: ЗАФИР И СЕНКА ПРОСЛАВИЈА 53 ГОДИНИ БРАК!!!

347

Легендарниот Зафир Хаџиманов, нашиот надалеку познат пејач, композитор, поет, уметник, деновиве носталгично се сети на својот прв љубовен бакнеж кој му се случи со неговата сопруга Сенка Велетанлиќ. За оние помладите, Сенка е инаку големо име во светот на забавната музика, но со пеењето престанала да се занимава некоја година по распаѓањето на Југославија. Зафир и Сенка важат за една од ретките брачни двојки кои на естрадата останале во хармонична, среќна заедница а, во која го имаат синот Васил, кој на голем број луѓе им е познат како многу успешен џез-музичар.

Што се однесува до нивниот прв бакнеж тој на Зафир и Сенка им се случи во далечната 1966 година. Точно пред 53 години откако се заедно тој и таа. Зафир по повод тоа само кусо искоментирал: “Опа, ихаа”! Што точно му значи коментарот веројатно тој си знае. Но дека сеќавањето е носталгично на еден таков бакнеж со песни рој, се согласуваат и неговите фанови кои и на двајцата им велат дека се “кандидати за Нобелова награда”. И навистина, со оглед на тоа дека денес браковите или кратко траат или не успеваат! Но, тоа биле некои други, среќни времиња. Како што и самите пеат во својата секогаш нам сите драга песна, “Љуби ме и главата горе”!
Дуле М.