Опасни и убави.Тоа би бил најдобриот опис за учесничките на еден од најнеобичните избори на убавина што се одржува во Русија.

Дванаесет девојки ќе се борат во финалето за титулата „Мис на затворски чуварки“ или со полн назив „Мис на рускиот избор на убавина за жени вработени во Федералната служба за извршување кривични санкции (ФСИН)

Девојките биле избрани меѓу стотина кандидатки, кои победиле на локалните натпревари во нивните региони, а победничка ќе биде онаа што ќе собере најголем број гласови на веб-страницата на ФСИН.

Сите финалисткии биле фотографирани во работни униформи и во вечерни тоалети и учествуваат во натпревари во кои тие рецитираат, танцуваат, зборуваат за своите региони и се обидуваат да ги инспирираат гледачите да изберат работа во казнено-поправниот систем.