ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево доби енергетски-ефикасна фасада

172

Изминативе три години во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево општина Гази Баба изгради  енергетски-ефикасна фасада, а извршена е и реконструкција на покривот.

– Во наредниот период ќе се работи на поврзување на училишниот објект и спортската сала со главната фекална мрежа по што ќе следи и асфалтирање на улицата пред ова училиште. Исто така, поради зголемениот интерес за упис на дечиња, веќе разработуваме и проект за проширување и доградба на училиштето со уште едно крило со нови училници – вели градоначалникот на Гази баба, Борис Георгиевски.

Во ООУ „Крум Тошев“ месецов беа доделини 30 таблет уреди за децата од социјално ранливите групи, како и за учениците од повеќедетните семејства.

– Поминавме низ неколкумесечен процес за набавка на целата количина од 910 таблети, но не се откажавме додека да обезбедиме таблет за секој еден ученик кој не може да си дозволи. Општина Гази Баба се грижи за сите свои сограѓани, а ви ветувам дека така ќе биде и во иднина – уверува Георгиевски.