ОН предупредуваат: Во светот може да снема храна

52

Доколку не ве дофати корона вирусот поради мерките кои многу влади во светот ги воведоа, истите мерки може да ве остават без свежа храна, овошје и зеленчук.

Кога луѓето побрзаа да направат залихи од тоалетна хартија и други потребни работи поради пандемијата со корона вирус, некои земји одлучија да воведат протекционистички мерки и забранија увоз на одредени производи за да ја задоволат зголемената домашна побарувачка.

„Најлошо што може да се случи е владите да го ограничат протокот на храна“, вели за Гардијан Максимо Тореро, главен економист на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, додавајќи дека може наскоро да се соочиме со последиците од таквите потези.

На пример Русија воведе забраза на извоз на житарици на 10 дена, почнувајќи од 20 март, а соседен Казахстан ја ограничи испораката на пченично брашно, шеќер, масло, неколку видови овошја.

Тореро предупредува дека протекционистичките мерки и трговските бариери само ја влошуваат ситуацијата, стварајќи „екстремна волатилност“.

Посебен проблем е тоа што во некои земји недостасува работна сила за шетва поради затворањето на државните граници и ограничувањето на движењето поради карантинот.

Додека корона вирусот се шири низ Европа, земјоделците во Франција, Шпанија и Италија предупредуваат дека овошјето и зеленчукот ќе созрее и ќе скапе ако состојбата не се промени, пишува Блумберг.

Одгледувачите на јаготки и аспарагус се спречени да ги оберат своите плодови, додека следно во таа низа е речиси се, како зелената салата и доматите до кромидот и грашокот.

„Логистичките проблеми предизвикани од корона вирусот стануваат многу значајни“, вели Тореро за Гардијан.

За да не ѝ пропаднат тони плодови, Гермнаија на која ѝ недостасуваат 300.000 сезонски работници, покрена посебна веб-страница за фармерите да се поврзат со оние кои можат да помогнат, студенти, луѓе чија работа згасна како мерка против епидемијата, одобено работниците од услужниот сектор.