ОН: Невозможно е решавање на светските проблеми без дијалог меѓу САД и Кина

19

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека невозможно е  горливите проблеми во светот, како што е глобалното затоплување,  да се решат без ефикасен дијалог меѓу Кина и САД, соопшти неговиот портпарол Стефан Дужариќ.

-За генералниот секретар, невозможно е актуелните проблеми во светот да се решат без дијалог и ефикасна соработка меѓу двете земји, кажа Дужарик.

Хина пренесува дека порпаролот на генералниот секретар одговарал на прашањата поврзани со најавата на Пекинг дека ја прекинува соработката со Вашингтон во неколку домени, вклучително и во областа на климата.

Кина вчера унилатерално соопшти дека ја прекинува соработката со САД во осум области, вклучително и дијалогот меѓу високите воени команданти и разговорите за климата, како одмазда за посетата на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси на Тајван, соопшти официјален Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека ја прекинува соработката со Вашингтон за спречување на прекуграничниот криминал и трговијата со дрога, како, како и за репатријацијата на илегални мигранти.

Пекинг вкупно наведе осум различни мерки.