Високата комесарка на Обединети нации за човекови права Мишел Башле изјави дека ОН ќе испрати мисија во Чиле, која ќе ги истражува наводите за кршење на човековите права.

Башле, која беше претседателка на Чиле во два мандата, на Твитер објави дека пратениците и Владата побарале да биде испратена мисија на ОН за човекови права.

Во протестите во Чиле што беа иницирани од зголемување на цената на метрото загинаа најмалку 18 лица.

Чиле е една од најбогатите земји во Јужна Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.