Израел планира „евакуација“ на 36.000 бедуини, со цел да прошири автопат, воен полигон, електроенергетска инсталација и рудник, јавуваат палестинските меидуми во оваа земја, повикувајќи се на Обединетите нации

Шестмина специјални известувачи на ОН во мај испратиле заедничко писмо до Израел, што дури неодамна беше објавено, изразувајќи сериозна загриженост за плановите на израелската Влада присилно да расели 36.000 бедуински државјани на Израел кои живеат во пустината Негев, се вели во соопштението на Адалах – правен центар за правата на арапското малцинство во Израел.

Специјалните известувачи го коментираа објавувањето на плановите на израелските власти за развој и населување да „евакуираат” 36.000 бедуински граѓани со цел да се прошири автопат, воен полигон, високо-напонско електронергетска постојка и рудник за фосфат.

Во писмото се наведува дека израелското уништување на бедуинските домови „може да се ја влоши севкупната состојба на бединското малцинство и неговото континуирано и растечко прогонување“ и предупреди на „ненадоместливата штета што овие  уривања на населби и деложирање можат да ја имаат врз традиционалниот начин на живот на бединското малцинство, нивната специфична форма на живот и културна пракса, и нивниот однос кон сопствената земја”, јави палестинската агенција Вафа.