Онаму каде што се чува божиќниот дух

194

Божиќните и новогодишните празници со години се инспирација за многу писатели кои наоѓаат мотивација да пишуваат за празничниот дух и значење – споделувањето, пријателството, простувањето, безусловната љубов и великодушноста.

Иако повеќе првенствено се напишани за деца, тоа се многу вешто раскажани прикази во кои уживаат читатели на сите возрасти, а коишто успеаја преку други медиуми да станат дел од колективната свест и совест, и тоа токму благодарение на пораката што ја пренесуваат и тајната што вешто ја чуваат, есенцијата на празничниот дух. Во морето нови книги кои на различен начин им се навраќаат на старите теми, класичните дела остануваат вечна инспирација.

Девојчето со кибритчињата – Ханс Кристијан Андерсен

Данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен е познат по тоа што ги одушевува децата низ целиот свет со своите сказни до денешен ден.
Неговата поезија и сказните се преведени на повеќе од 150 јазици, а досега имаат инспирирано бројни играни и анимирани филмови, театарски и балетски претстави. Првенствено објавена како дел од петтиот том „Сказни“ на Андерсен во 1848 година, сказната „Девојчето со кибритчиња“ е заснована на случка што 4 се случила на мајката на Андерсен кога била дете. Напишана девет години откако неговиот пријател и колега Чарлс Дикенс го завршил „Оливер Твист“, „Девојчето со кибритчиња“ ја расветлува приказната на многу потисната и безгласна група во Европа – децата.

 Писмо од Дедо Мраз – Марк Твен
Семјуел Лангхорн Клеменс, добро познат по својот псевдоним Марк Твен, е американски автор и хуморист. Познат е по своите романи „Авантурите на Хаклбери Фин“, познат како „големиот американски роман“ и „Авантурите на Том Соер“. Твен пријателствувал со претседатели, ументици, индустријалисти, и со европската аристократија. Неговата постара ќерка, Сузи Клеменс, родена во Елмира, Њујорк, и живеела краткорочно, и починува на 23-годишна возраст од менингитис. Во детството, Сузи често имала лошо здравје, слично како и нејзината мајка. Кога имала 13 години, напишала биографија на татко и, којашто потоа е искористена како дел од поглавјата во неговата Поглавја од мојата автобиографија“. Марк Твен ќе напише писмо до својата ќерка, коешто го испраќа откај Дедо Мраз, за време на едно од нејзините боледувања во детството.

Посебниот Божиќ на татко Панов
Рускиот писател Лав Толстој, или грофот Лев Николаевич Толстој кој е широко прифатен како еден од најдобрите романсиери, бил и талентиран есеист, драматург и едукативен реформатор, карактеристики што го направиле највлијателен член на аристократското семејство Толстој.

Станува збор за многу досетлива приказна, заснована на текстот од библијата „Јас бев гладен а ти ме нахрани, бев жеден и ти ме напи“ коишто Исус ги користи за да ни помогне да разбереме како можеме да му служиме, служејќи си едни на други. Приказната на татко Панов е одличен начин да им се доближат принципите на милосрдието на децата.

Себичниот џин – Оскар Вајлд
Ирскиот писател, поет и познат естет, Оскар Фингал О’Флаерти Вилс Вајлд, стана еден од најпознатите драматурзи на доцната викторијанска доба во Лондон со низа социјални сатири кои се прикажуваат и денес, особено неговото ремек-дело Важноста да се биде Ернест. Сказните на Оскар Вајлд се драматизирани, екранизирани прилагодени за балети, претстави и адаптирани за радио.

„Себичниот џин“ е повеќеслоен краток расказ податлив и за детска и за возрасна публика заради длабокото значење што го носи во себе. На малите деца може да им се чита буквално како приказна за џинот што е зол и чија градина одбива да расте.