Онаму каде што е забрането да се умре

114

Покрај титиулата на најсеверниот населен град на светот, норвешкиот град Лонгјир, кој се наоѓа на Свалбард е посебен и по тоа што во него никој не умрел веќе 69 години.

Забраната за умирање не е некоја новина во светот, всушност, постои уште од античко време, односно уште кај античките Грци кои ја смислиле ваквата забрана во 5 век п.н.е. тврдејќи дека умирањето на островот Делос бидејќи бил свето место.

Дури и во денешно време, има неколку градови низ светот каде што умирањето е забрането, ама со исклучок на Итсукушима во Јапонија, причините за тоа се практични, не духовни.

Во норвешкиот град Лонгјир, кој се наоѓа на архипелагот Свалбард, никој не умрел речиси седумдесет години, бидејќи умирањето е забрането со закон, пишува ИФЛ Сајенс. Дури и ако сте го поминале целиот живот таму, ако ви се случи да се разболете и болеста дојде до терминална фаза, ќе морате да го напуштите островот и смртта да ја дочекате на некое друго место.

Ако, сепак, се случи ненадејно да починете, вашето тело ќе биде итно пренесено и нема да бидете закопани на островот.

Во позадината на овој бизарен закон стои една многу важна причина: заштита на останатите жители.

Во далечната 1950 година е откриено дека телата кои се закопани на градските гробишта не се распаѓаат поради тоа што тлото е постојано смрзнато, а како резултат на тоа вирусите во лешевите би можеле да преживеат и постои ризик од идни зарази.
Нешто слично се има случено на северот на Сибир, каде што е дојдено до епидемија на антракс во 2016 година.

Тогаш за причина на заразата се сметаше дека се тела на диви животни кои се наоѓале во смрзнатото тло кое при нагло зголемување на температурата се растопило. Тогаш почина едно лице, а уште деведесет завршиле во болница.

Исто така, откриено е дека вирусот на шпанскиот грип уште се наоѓа во телата на луѓе кои починале на почетокот од векот, а последното заразено лице со таа болест во овој норвешки град починало во 1917 година.

Населеното место на пописот на жители од 2015 година броело 2144 жители, а на островот владее арктичка клима со летни температури од три до седум степени, а во зима температурата паѓа до – 13 степени Целзиусови.

Поларната ноќ трае 111 дена, кога од крајот на октомври до март владее целосен мрак.