ОМО Илинден-Пирин: На Македонците во Благоевград полицијата не им дозволи да го веат македонското знаме

83

Од ОМО Илинден-Пирин информираа дека на Македонците во Бугарија бугарската полиција не им дозволила да веат македонски знамиња во Благоевград, на одбележувањето на 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Од ОМО Илинден-Пирин појаснуваат дека полицијата не им дозволила да го веат знамето со ѕвездата на Кутлеш, знамето на ОМО Илинден – ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода.

„И покрај тоа што Македонците ѝ кажаа на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата забрани, да немаме никакви проблеми, ниту вие, ниту ние’“, соопштуваат од здружението.