“Блиску до себе. Чекор три… Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два центиметри“, стои под фотографијата на која се повеќе популарната македонска актерка Емра Куртишова ги повикува сите жени да се грижат за своето здравје, да станат во борбата против ракот на дојката..

Инаку, Куртишова ја толкува улогата на духовитата Ромка Исаура во хумористичната тв-серија „Преспав“, а со која се прослави и со која ја засмејува нацијата бидејќи одлично и легна ликот со кој на останатите во пансионот Преспав им прави се што треба за да не им биде здодевно. Д.М.