Омикрон ја “турка“ Германија во рецесија

98

Германија е изложена на ризик од рецесија, бидејќи најголемата европска економија забележа пад во последниот квартал од 2021 година, додека брзото ширење на сојот омикрон на коронавирус ги обесхрабрува луѓето да купуваат и патуваат.

Производството во Германија падна меѓу 0,5 и еден отсто во четвртиот квартал од минатата година, објави државната агенција за статистика Дестатис.

Прогнозата не е најсветла за првите три месеци од 2022 година, поради што германската економија наскоро би можела да влезе во рецесија.

За рецесија се смета падот на економската активност во најмалку два последователни квартали.

Германската економија порасна за 2,7 отсто минатата година, со што закрепна од падот од 4,6 отсто во 2020 година, кога ограничувањата поради пандемијата беа најтешки.