Омикрон хаос во Шведска

682

Рекордно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот е забележан во Шведска, откако 39.938 лица биле позитивни на тестот за Ковид 19 во последните 24 часа, покажуваат податоците објавени од Шведската здравствена агенција.

До рекорден пораст на бројот на заразени во Шведска дојде поради ширење на сојот омикрон на коронавирус.

Дневниот број на заразени воглавно се ревидира во Шведска, бидејќи на него се додаваат и задоцнетите резултати од претходните тестови.

Претходниот рекорд беше поставен во вторник, на 18 јануари, кога во Шведска беа регистрирани 39.321 случај на зараза.

Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања поради сојот омикрон, кој брзо се шири и врши притисок врз здравствениот систем на земјата.

Домашните медиуми пишуваат дека бројот на заразени веројатно е многу поголем и се очекува да се затворат училиштата. Дури 22 отсто од наставниците се отсутни од работа поради болест, а веќе пет училишта се затворени поради брзото ширење на вирусот.