Омикрон дава чуден ОСИП ПО ТЕЛОТО

352

Родителите треба да обрнат големо внимание на малку различни симптоми доколку се сомневаат дека нивното дете е заразено со сојот омикрон, предупредува британскиот лекар Дејвид Лојд, особено привлекувајќи внимание на, како што рече, чудниот осип на телото.

Тој изјави за „Скај њуз“ дека младите пациенти со омикрон доживуваат симптоми како што се малаксаност, силни главоболки и губење на апетит, а родителите треба да обрнат внимание на тие симптоми.

Лојд додаде дека луѓето со омикрон имаат и чуден осип, така што до 15 проценти од децата заразени со новиот вид на корона добиваат осип на кожата.

Иако е премногу рано да се каже, најновите податоци за омикрон сугерираат дека тој е исклучително заразен, додава Лојд и се надева дека не е смртоносен како делта-сојот.