Омикрон во Холандија откриен на 19 ноември, уште пред да пристигнат двата лета од ЈАР

104

Омикрон сојот на коронавирус беше откриен во Холандија уште пред двата авиони со најмалку 14 лица заразени со новиот вид да пристигнат од Јужна Африка на 26 ноември, објавија денеска холандските власти.

Заразените патници кои пристигнале од Јоханесбург и Кејптаун пристигнале на аеродромот Шипхол на 26 ноември, според Националниот институт за јавно здравје (РИВМ).

„Сепак, го откривме омикрон во два примероци земени на 19 и 23 ноември. Се уште не е познато дали тие луѓе ја посетиле Јужна Африка“, додаваат од РИВМ.

Се верува дека 61 патник од 600 луѓе на летовите од Јужна Африка се позитивни на сојот омикрон, а тие се во карантин откако пристигнаа минатиот петок.

Холандските власти, исто така, сакаат да контактираат и тестираат околу 5.000 други патници кои дошле од Јужна Африка, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и Зимбабве.