Во периодот од 20 до 26 јуни, ИЈЗ регистрира 580 нови позитивни случаи на ковид, во 22 града во државата, што претставува зголемување од 63,8% во однос на минатата недела, кога беа заразени 354 лица. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, и тоа 379 лица, а висока инциденца е регистрирана и во Охрид и Кавадарци.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години каде што се заразиле со вирусот 198 лица или 34,1% од вкупната бројка. Најмал број е регистриран кај возрасните групи од 0-9 години и од 10-19 години – потврдуваат од ИЈЗ.

Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување речиси кај сите возрасни групи, но најзабележително зголемување од два пати има кај возрасната група од 50-59 години. Идентичен број на заболени се регистрира кај возрасната групи од 10-19 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 353 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 1,4% повеќе во споредба со минатата недела, кога нивната бројка била 348. Во текот на минатата недела пријавени се 120 реинфекции, што пак е зголемување од 76,5% во однос на претходната недела кога имало 68 лица кои по вторпат боледувале од вирусот.

Според извештаите од болниците, моментално во Македонија се хоспитализирани 10 лица. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 570, а до речиси оваа бројка беше нешто повеќе од 400 лица.

Во овој неделен период во ИЈЗ нема пријавено смртни случаи. Според ИЈЗ во земјава доминатна е омикрон варијантата на вирусот подваријанта BA2-stealth.

(В.Ма.)