Поранешниот ракометен репрезентативец на Шпанија, Хозе Хавиер Омбрадос, одлучи да стави крај на кариерата на 49 години. Хомбрадос во  својата кариера го носеше дресот на Атлетико Мадрид, Тека,Теукро, Адемар Леон, Портланд Сан Антонио, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Вецлар и Гвалдахара. Во последниот тим и ја завршува кариерата.

-Не чувствував сила за да одиграм уште една сезона. Би било убаво да заокружам на 50 години со кариерата, но важно е да се запре навреме. Од 1990 година досега одиграв над 1000 натпревари во сите натпреварувања. Во последните шест години ракометот го комбинирав со работата. Кога се вратив во Шпанија си реков дека немада играм повеќе од две години, а веќе поминаа шест. Мислам дека е доволно, изајви Хавиер.