На 69.  „Ол стар“ меч од НБА-лигата одигран ноќеска во Чикаго, победа забележа тимот предводен од Леброн Џејмс кој беше поуспешен од екипата предводена од Јанис Адетокумбо со 157:155 (53:41, 30:51, 41:41 и 33:22).

Некарактеристично за ваквите ревијални натпревари, гледачите можеа да проследат „сериозен“ меч со цврсти одбрани, посебно во последниот период.

Најефикасен во победничкиот состав беше Каваи Ленард со 30 поени, Леброн Џејмс и Крис Пол застанаа на 23.

Адетокумбо беше најефикасен во поразениот тим со 25, Кемба Вокер постигна 23 поени.

Каваи Ленард го доби признанието МВП кое се доделува на најкорисниот играч.