Ол – Стар: Го прескокна Шекил О‘ Нил и победи во натпреварот во забивање (Видео)

114

Кошаркарот на Оклахома Сити, Хамиду Диало е победник на натпреварот во забивање на „Ол-стар“ викендот во Шарлот. Диаоло во финалната рунда славеше над Денис Смит, кој од четири обиди не успеа да го изведе своетo забивање. Но, многу поинтересна беше претходната рунда, во која Диало изведе таканаречено „лакт забивање“, откако претходно го прелета легендарниот Шекил О’Нил облечен како супермен и со пет „десетки“ обезбеди финална рунда.

Кошаркарот на Бруклин, Џо Харис е побединик на натпреварот во шутирање на тројки. Харис во финалната рунда освои 26 поени, два повеќе од најдобриот тројкаш во лигата, Стеф Кари. Третото место во финалната рунда го освои Бади Хилд од Сакраменто со 19 поени.

На  натпреварувањето во вештини титулата ја освои кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум, во натпревар во кој настапија и Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Никола Вучевиќ. Асот на Селтикси до победата стигна на спектакуларен начин, откако во финалето го совлада фаворизираниот Тре Јанг од Атланта со кош од половина терен. Во полуфиналните битки, Тејтум го совлада Никола Јокиќ, кој имаше предност цело време, но не успеа во финишот да погоди за три поени и да се пласира во финалето. Лука Дончиќ беше немоќен против Јанг.