Екипата на Динамо Загреб и дефинитивно е КРАЛ кога е во прашање продажбата на фудбалери на просториите на поранешна Југославија. Хрватскиот шампион ја загуби својата најголема ѕвезда, сапуница која траеше со месеци и конечно заврши, но затоа доби куп пари од Лајпциг за шпанскиот репрезентативец Дани Олмо (21).

Лидерот во Бундеслигата, екипата на Ред Бул Лајпциг, одлучи да одвои за еден од најбараните фудбалери на овие простори, високи 30 милиони евра, плус 15 милиони како бонуси во однос на зацртаните цели на бунделигашот и прикажаните партии на младиот Шпанец.

Олмо го чека истото нешто и во Германија – борба за трофеи. Лајпциг моментно е првопласиран во Бундеслигата со 40 бода, а дури четири заостанува тимот на Баерн Минхен. Оваа екипа е одлично предводена од младиот тренер Јулијан Нагелсман (32), кој правеше чуда и со Хофенхајм.

Но, се појавува и еден сериозен проблем за Олмо. Лајпциг е веќе воигран тим со победнички менталитет, а велат дека „тимот што победува не се менува“. Во офанзивниот дел имаат одлични фудбалери како Криштофер Н‘Кунку (22), Марсел Шабицер (25), Патрик Шик (23) и суперѕвездата Тимо Вернер (23). Оваа офанзивна линија постигнува голови како на трака – 25 гола, 10 асистенции на 26 натпревари. Од друга страна Вернер е на излезна врата поради интересот на големите гиганти во европскиот фудбал, како Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен и само прашање на време е кога ќе си замине од клубот.

Инаку, Лајпциг во Бундеслигата влезе во сезоната 2016/2017 со победата над Карлсруе, а веќе следната се пласираа за прв пат во Лигата на шампиони, освојувајќи го второто место во Германија. Уште поинтересно е тоа што овој клуб е основан во 2009 година, а сопственик е познатата австриска компанија Ред Бул.