Неколку дена по завршувањето на Олимписките игри пристигна шокантна вест. Имено, новозеландската велосипедистка Оливија Подмор, која беше дел од олимпиското семејство во Рио де Жанеиро од пред пет години, е пронајдена мртва во својот стан. Таа имаше само 24 години, а веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство.

  • Мир во душата на мојата прекрасна сестра и ќерка на татко ми Фил Подмор. Секогаш ќе бидеш во нашите срца, напиша братот на Оливија, Мичел на социјалните мрежи.

Проштална порака имаше и Олимпискиот комитет на Нов Зеланд, кој таа го претставуваше на Игрите во Рио.

  • Оливија со чест и гордост го претставуваше Нов Зеланд на Игрите во Рио во 2016 година и на Игрите на Комонвелтот во 2018 година. Таа беше ценет член на тимот и нејзината смрт е голема загуба за целата наша заедница. Полицијата ја истражува смртта, пишува во соопштението на ОК на Нов Зеланд.

Инаку, непосредно пред нејзината смрт, Оливија објави вознемирувачка објава на Инстаграм, која беше избришана кратко потоа.

  • Спортот е одлична работа за голем број луѓе. Тоа е борба, понекогаш и тортура, но исто така е одлична работа. Чувството што го носи спортот не може да се спореди со ништо друго кога победувате, но кога губите, кога не сте избрани во тимот или кога не се квалификувате за натпреварување, кога ќе се повредите, кога не ги исполнувате очекувањата од околината, кога не се мажиш, а кога сите мислат дека треба, кога не купуваш куќа, не раѓаш деца затоа што се обидуваш да бидеш најдобра во спортот – тоа исто така не може да се спореди со ништо, гласеше објавата на Оливија.