До Олимписките игри во Рио де Жанеиро, за Ингрид Оливеира, практично слушаа само оние кои се добро упатени во бразилските спортови, но оваа атрактивна скокачка во вода се прослави низ целиот свет по натпреварувањето во 2016 година. Сепак, не поради спортскиот успех остварен на Игрите.

Причината за тоа беше скандалот што го предизвика за време на Игрите каде што имаше маратонски секс со кајакарот Педро Гонсалвес, една ноќта пред натпреварот, кога ја замолила својата партнерка Џовани Педрозо да ја напушти просторијата за да може да има секс со колега.

Според тогашната приказна, Џована прво одбила да ја напушти просторијата, бидејќи двете имале натпревар следниот ден, но Ингрид ја убедила дека ќе биде подготвена, иако на крајот не беше.

Бразилките останаа без медал и покрај тоа што беа фаворитки. Ингрид тогаш беше суспендирана, а по тој скандал полека почна да паѓа во заборав.