Дерби-натпреварот од 22. коло во Евролигата заврши со убедлива победа на Олимпијакос на гости кај Фенербахче со 93:73. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога грчкиот гигант се одлепи на 51:30, а потоа лесно ја одржуваше предноста.

До сигурни победи дојдоа и Партизан над Лион (92:71), Армани Милано против Басконија 89:83, Барселона со Макаби ТА 83:78, Валенсија над Баерн (82:73), како и Виртус Болоња против Црвена звезда 84:72.