Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал во велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг и со тоа ја потврди својата доминација во оваа алпска дисциплина.

Сребрениот медал му пропадна на Словенецот Жан Крањец, кој заосатна 19 стотинки зад Одермат, додека до бронзата заврши во рацете на Французинот Матје Февр со заостанување од 1:34 минути зад новиот олимписки првак.

Одермат стана петти Швајцарец во историјата со златен олимписки медал во велеслалом, додека Крањец го израмни најдобриот олимписки резултат на словенечките скијачи, што во 1984 на Игрите во Сараево, исто така, во велеслалом го постигна Јуре Франко.