Индонезискиот играч во бадминтон, Маркиз Кидо, кој воедно е освојувач на златниот медал на Олимписките игри во двојки, почина на 36-годишна возраст од срцев удар, објави Светската федерација за бадминтон.

Кидо освои злато на Игрите во Пекинг 2008 година, а една година порано беше и светски шампион.

Светската федерација за бадминтон не посочи дополнителни детали.