Олимписките игри се параван за оргии, кондомите најбараната стока!

175

Олимписките игри се сон за секој спортист. Спортистите секогаш се некако поврзани со секс-скандали, а тоа се случува особено на големите натпреварувања, Олимписките игри, светските првенства и слично.

На неодамна завршените Игри во Токио, сексот беше строго забранет како една од мерките во борбата против коронавирусот, а организаторите им поделија 160.000 кондоми при нивното напуштање на олимпиското село.

Од друга страна, пет години претходно беше како бордел. Олимписките игри во Рио де Жанеиро беа најперспективните игри во историјата. Организаторите обезбедија 450.000 кондоми за 10.500 спортисти, односно 42 кондоми по човек.

  • Имавме многу кондоми, јас и моите колешки едвај чекавме да го завршиме натпреварот. Никој не размислуваше за резултатите, а јас ги потрошив сите кондоми бидејќи тогаш бев во врска со колега од репрезентацијата, истакна фрлачката на копје, Парагвајката Лерин Франко, која се натпреваруваше на Олимписките игри во Пекинг 2008 и во Лондон 2012 година.
  • Тоа е навистина многу, но не е баш така како што зборуваат. Така, излегува дека луѓето едноставно имаат секс цел ден и цела ноќ во олимпиското село, вели англискиот веслач Зак Поркис, кој ја заврши кариерата на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Во британската метропола спортистите добија 150.000 кондоми. Организаторите на Игрите во Лондон го зголемија бројот на кондоми по „недостигот“ во Пекинг, кога на располагање имаа само 100.000 кондоми.

  • Видов луѓе како имаат секс надвор, на трева, меѓу згради… Насекаде, изјави голманката на американската женска фудбалска репрезентација, Хоуп Соло, за своето искуство од Игрите во Пекинг.

Италијанската пливачка Федерика Пелегрини и нејзиното момче, колега од репрезентацијата, Филипо Мањини, имале проблем пред Олимписките игри во Лондон.

  • Апстиненција? Нема шанси. Дали си луд?, одговори Пелегрини на предлогот на нејзиното момче да се воздржи за време на Олимпијадата.

Филипо Мањини сакал да се концентрира на Игрите, но Федерика имала поинакви планови. Токму пливачите меѓу спортистите се познати како најиздржливите љубовници. Со оглед на спортот што го играат, не е ни чудо.

  • Ми треба соба за вечерва, не ти е проблем?, ја прашала Бразилката Ингрид Оливеира својата колешка од репрезентацијата во скокови во вода.

Ингрид ја посети бразилскиот кајакар Педро Гонкалвес. Цела ноќ ја поминале заедно, а пред врата останала Џовани Педроса, која настапуваше заедно со Ингрид. Двете девојки завршија последни во Рио.