EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Jапонскиот репрезентативен одбојкар Наонобу Фуџи почина на 31-годишна возраст. Трагедија го потресе спортскиот свет бидејќи Фуџи почина од рак на желудникот.

Тажната вест ја потврди неговиот клуб Торај Ерос, а Фуџи беше член на јапонскиот тим кој пред година и пол настапи на Олимписките игри во Токио.

Тој дојде во Торај во 2014 година и од 2017 до 2021 година играше за Јапонија, освои азиско злато во 2017 година, сребро во 2021 година и бронза во 2019 година.

Претседателот на Јапонската одбојкарска асоцијација, Шуничи Каваи, вели дека е шокиран од веста.

  • Почивај во мир, се молам за тебе од длабочината на душата и срцето, истакна Каваи.