Оливер Спасовски, ја предаде премиерската палка на Илинденска на старо-новиот премиер Зоран Заев и веднаш се упати во МВР каде од денеска ќе раководи на познат терен. Со бајадера бомбони и лешници го пречека неговиот колега Агим Нухиу, кој изминативе месеци беше технички министер за внатрешни работи.

-Денеска во Министерството за внатрешни работи ја презедов министерската функција од досегашниот министер д-р Агим Нухиу.

Продолжуваме со реформите кои ги почнав во претходниот мандат како министер за внатрешни работи, со опремувањето на полицијата, сѐ со цел подобрување на работењето на полицијата во служба на граѓаните, напиша Спасовски на својот ФБ профил.