Околу 900 објекти во Карбинци чекаат легализација

121

Околу 900 дивоградби во општина Карбинци сè уште чекаат да бидат легализирани. Градоначалникот на општината, Јордан Насев, вели дека постапката е забавена поради недоволната екипираност на локалната самоуправа, во која работи само една комисија со еден архитект.

– Бараме начин и помош од други општини за да ангажираме надворешно лица и да ја забрзаме постапката за легализација – вели Насев.

Бесправно изградени објекти има во речиси сите населени места и оти во моментот по пријава во селата Горни и Долни Балван е стопирана изградба на два објекти.

– Бидејќи немаме градежен инспектор не можеме да издадеме решение за нивно уривање. Со новата систематизација на работните места во општина Карбинци предвидено е вработување на еден градежен инженер кој би работел на местото градежен инспектор – вели Насев.

Советниците во Советот на Карбинци пред извесно време донесоа и одлука бранителите да се ослободат од плаќање на комуналии за изградба на објекти, но  досега не е поднесено ниту едно барање.