Околу 20.000 м2 во Зоолошка ќе бидат зелен појас

122

Директорот на Скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски најави дека  во кординација со скопскиот градоначалникот Петре Шилегов одлучиле чистиот простор од околу 20.000 квадратни метри во зоолошката градина, да биде зелен појас.

– Во соработка со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и други еко здруженија ќе се засади густо зеленило кое ќе придонесе за повеќе чист воздух во градот и општина Центар – вели Галетановски.