Околу 140 работници вратени на работа по инспекциските контроли

24

Околу 140 работници се вратени на работа по направените контроли на Инспекторатот за труд. Решенијата за отказ на работодавачите се поништени, објави денеска директорот на Инспекторатот Аљајдин Хавзиу.

– Во 28 фирми донесени се 37 решенија со кои им е наложено на работодавачите да ги вратат на работа работнциите. Значи нивните решенија за отказ се поништени, рече Хавзиу на прес-конференција во Владата.

Ги повика сите работници кои имаат слична проблеми да се обратат со Државниот инспекторат за труд.