Јапонската полиција изврши претрес во домот на извршниот директор на Олимпискиот организациски комитет во Токио, Харјуки Такахаши (78) под обвинение дека примил мито од спонзор на минатогодишниот глобален спортски настан. Се верува дека Такахаши добил околу 330.000 долари од големиот продавач на деловни костуми „Aoki Holdings Inc“, со кој потпишал консултантски договор, објави јапонската агенција „Кјодо“.

Аоки потоа стана официјален спонзор на Игрите во Токио, дозволувајќи му да го користи логото на настанот и да продава официјално лиценцирана стока.

Олимписките игри во Токио се одржаа во 2021 година поради пандемијата на коронавирус, а Организацискиот одбор беше распуштен на крајот на минатиот месец.